Според рангирањето што го направи „Бостон консалтинг груп“ во текот на конференцијата во Давос, Македонија е на 37. место во светот по немање отпор за развој на информатичко општество, а на 27. место по интернет-инфраструктурата. Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на Втората конференција за современ маркетинг во Македонија, што вчера се одржа во Скопје. Тој посочи дека во рангирањето се опфатени 65 најуспешни земји во светот каде што нема отпор за развојот на интернетот. Kај овие земји електронската економија или како што се нарекува е-БДП (електронскиот домашен бруто-производ) е два пати поголема од оние земји каде што има висок коефициент на е-фрикција.
Според рангирањето што го направи „Бостон консалтинг груп“ во текот на конференцијата во Давос, Македонија е на 37. место во светот по немање отпор за развој на информатичко општество, а на 27. место по интернет-инфраструктурата.
Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на Втората конференција за современ маркетинг во Македонија, што вчера се одржа во Скопје. Тој посочи дека во рангирањето се опфатени 65 најуспешни земји во светот каде што нема отпор за развојот на интернетот.
- Kај овие земји електронската економија или како што се нарекува е-БДП (електронскиот домашен бруто-производ) е два пати поголема од оние земји каде што има висок коефициент на е-фрикција. Инфраструктурата е основен двигател на интернетот и затоа ќе продолжиме да инвестираме во неа за да можат граѓаните активно да бидат вклучени во новото дигитално време, а со тоа да им се овозможи на малите и на средните компании поактивно да присуствуваат во рекламирањето преку интернетот - рече Ивановски.
- Тоа покажува дека иднината е во интернетот и во рекламирањето преку интернет, особено преку социјалните мрежи - порача Ивановски.
Според него, речиси 100 проценти од македонските компании користат интернет, а веб-страници за интернет-трговија имаат најголемите компании.